Thursday, August 11, 2011



1.Кога е оформен Фан Клубот на Ливерпул?
2.Која е вашата цел?
3.Дали организирате собири за натпреварите на Ливерпул и на кое место?
4.Дали имате свои производи, како маици, шалови дуксери?
5.Дали како Фан Клуб на Ливерпул имате свои членски и дали сте официјален Фан Клуб на Ливерпул?
6.Дали организирате групно одење на натпревари на Ливерпул?
7.На колку натпревари сте биле како група на Ливерпул?
8.Дали имате свој сајт?
9.Колку членови го сочинуваат вашиот административен тим?
10.Дали примате нови луѓе кои се заинтересирани да станат членови на МR?


1.Фан клубот на Ливерпул во Македонија, “Macedonian Reds” е основан во март 2010г. За неполна година формирана е солидна фан база од речиси 3000 членови, пред фан страната да биде хакирана. Сепак, на вистинските љубители на црвените не им претставуваше никаква тешкотија уште еднаш да се соберат во своето гнездо, па по неколку месеци работа фан клубот ја враќа старата бројка.

2. Дружење меѓу фановите на Ливерпул од земјава е нашата главна, примарна цел! Со тоа доаѓа и се останато, навремените и точни информации ги пласираме за што повеќе црвени од цела Македонија да ни се придружат во заедничко минување на славните, но и тешките периоди на култниот клуб од Мерсисајд!

3. Секако, како што погоре напоменавме, најголемата полза која сите навивачи можат да ја имаат од овој фан клуб е заедничкото дружење те. собиранките за речиси секој меч на Ливерпул! Во пабот Ager&Sager во Скопје редовно се следи секој натпревар, оваа сезона ја отворивме и многу порано, уште од пријателските дуели. И во другите градови во државава се организираат собири, кои сепак најчесто се за дерби дуелите од англиското првенство.



4./

5. Токму овој месец се финализира постапката за формирање на здружение на граѓани, како предвесник на официјалниот фан клуб! Доколку се оди според планот, од септември ќе започнеме и со членските книшки. Сепак, она што посебно сме горди да го истакнеме е дека како Macedonian Branch имаме фантастични односи со клубот во Англија, официјални лица од Енфилд дури ни го честитаа и Денот на Независноста, 8-ми Септември! Сето тоа одеше преку официјалната страна на Ливерпул ФК на фејсбук која брои речиси 7 милиони фанови, што се покажа како извонредна промоција не само на нашиот фан клуб туку и на нашата земја!!





6. Нормално дека и како секој друг фан клуб на било која екипа, и ние сонуваме еден ден во македонски состав да го посетиме Енфилд! Чекор по чекор, еве веќе година и пол пред нас поставуваме нови и нови цели и ги исполнуваме истите, па не гледам зошто постепено не би успеале да дораснеме и на овој звучен предизвик.

7./

8./

9. Во моментов администраторскиот тим е составен од 11 членови, но сепак оваа бројка мошне често се менува и варира според моменталните потреби.

10. Секако, фан клубот е отворено здружение и во него секој може да го даде својот удел. Секој еден навивач на Ливерпул учествува во создавањето на брендот Маcedonian Reds”, во создавањето на едно големо семејство!