Monday, August 11, 2008
Мајкл Фелпс го започна походот
Првата цел за Мајкл Фелпс е остварена - златен медал и рекорд на 400 метри мешано. Фелпс, кој стана ѕвезда на Игрите пред и да почнат, беше доминантен во својата дисциплина со што го направи првиот чекор кон неговата цел за осум златни медали на Олимпијадата во Пекинг.Фелпс, кој освои шест злата и две бронзи во Атина пред четири години, го сруши сопствениот олимписки рекорд во квалификациите во саботата, по што во неделата до половина на трката беше блиску до неговиот сонародник Рајан Лохте, но во последните 100 метри Фелпс забрза и победи со време од 4:03.84, далеку подобро од неговиот претходен рекорд од 4:05.25 поставен ова лето."Кога се свртив на 150 метри мислев дека сме многу тесно и дека ќе морам да имам одлични последни 200 метри", вели Фелпс.По победата Американецот најави дека ова е последен пат да плива во 400 мешано, можеби најтешката дисциплина."Му кажав на тренерот Боб Боуман дека ова е последна трка на 400 мешано и дека морам да имам добро време", додава Фелпс.Среброто му припадна на Унгарецот Ласло Чех со време од 4:06.16, што е нов европски рекорд, додека третото место го освои Лохте со 4:05.25.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment