Monday, August 11, 2008
американскиот дрим тим убедлив против домакинот
Само нешто повеќе од една четвртина траеше отпорот на Кина против одмаздничката селекција на САД. И тоа онаа првата кога Јао-Минг и колегите погодуваа за три поени. Кога се разиграа Леброн Џејмс, и пред с$ Двејн Вејд, с$ почна да се менува во играта на Американците.На крај, сигурни 101:70 за Американците на затворањето на првиот ден од кошаркарскиот турнир.Требаше само малку да стегнат во одбраната учениците на Мајк Кжижевски, и тоа на почетокот на третиот период, за с$ да почне да наликува на една добро позната и веќе видена претстава во режија на професионалците од НБА. Во последниот период Мајкл Ред отвори нова серија, а при резултат 87:54 Јао-Минг ја доби и петтата "лична".Кај САД ниту еден играч не помина повеќе од 27 минути. Најдобро ги искористи Двејн Вејд, кој за 20 минути даде 19 поени (без утка). Џејма даде 18, а Брајант и Хауард уште по 13. Јао-Минг дојде до двоен ефект од 13 поени и 10 скока, а солиден беше и Жу Фангжу, кој запиша 11 поени, но и 8 скокови.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment