Мајкл Фелпс стана најуспешниот олимпиец на сите времиња откако освои нови две олимписки злата во Пекинг со светски рекорд за да стигне до неверојатната цифра од 11 злата. Моќниот Фелпс ја помина елитната група на спортисти (Марк Шпиц, Карл Луис, Паво Нурми, Лариса Латинина), кои имаа по 9 златни медали, со подобрување на сопствениот светски рекорд на 200 метри пеперутка, а само еден ас подоцна 23-годишниот Американец повторно беше во базенот со неговите колеги да постави светски рекорд на 4х200 метри слободно со неверојатни 4 секунди подобро време.
Со двете злата Фелпс има 5 злата од Пекинг во додаток на 6-те од Атина во 2004, и е на добар пат да го сруши и рекордот на Марк Шпиц од Минхен 1972 година од 7 златни медали во пливањето. Со тоа што до петте злата стигна до светски рекорд, Фелпс исто така го повторува успехот на Шпиц.
Фелпс го надмина проблемот со неговите очила за пливање, кои се наполнија со вода за да победи на 200 пеперутка со време од 1:52.03, пред Унгарецот Ласло Чех и Јапонецот Такеши Мацуда, а времето беше за 0.06 секунди подобро од неговиот рекорд поставен на СП во Мелбурн минатата година. Интересно е што момчето од Балтимор губеше од Мос Барместер, пливачот од Нов Зеланд, кој е и негов тренинг партнер до 50 метри, но потоа беше недостижен. Фелпс вели дека му пречел проблемот, но беше вообичаено ноншалантен за резултатот.
"Имав вода во очите цело време и затоа имав проблем и не ги гледав ривалите. Сакав светски рекорд, но сакав време од 1-51 или подобро. Сепак, со однос на условите, ова не е лош резултат", вели Американецот.
Наскоро тој пак беше во базенот со Рајан Лохте, Рики Беренс и Питер Вандеркај, во фаворизираната штафета на 4х200 метри за да победи со време од 6:58.56.
"Навистина сакам да ги пливам штафетите, а зборувавме за тоа да пливаме под 7 минути. Момците завршија одлична работа", додава Фелпс.
Русија стигна до среброто пред Австралија, но во ниту еден момент немаше сомнеж за тоа дека САД ќе ја одбранат олимписката титула и ќе го совладаат сопствениот рекорд од 7:03.24 поставен исто така на СП во Мелбурн во 2007. Фелпс ја пливаше првата промена со време од 1-43.31, а неговите колеги само ја зголемија оваа предност.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)

No comments:
Post a Comment